„Цивил” ги повикува граѓаните да пријават секаков облик на кршење човекови права, лажни вести и говор на омраза

Здружението на граѓани ЦИВИЛ кое, како што наведува, во својата долгогодишна работа максимално се залага за човековите права и слободи, и ги опфаќа речиси сите аспекти на општествените и политичките појави и текови во земјата, ги повикува граѓанките и граѓаните да пријавуваат случаи на различни облици на кршење на човековите права и слободи, лажни вести и говор на омраза, како и низа други негативни појави, политики и практики.

На сајтот на Здружението е објавен формулар во којшто ќе може да се пријават сите горенаведени облици на кршење на човековите права и слободи, лажни вести и говор на омраза, како и низа други негативни појави, политики и практики.

-ЦИВИЛ со особено внимание ќе ги разгледа сите пријави за случаи на дискриминација, закани и притисоци, политички, етнички, верски или родово мотивирано насилство, пречекорување на службените овластувања, корупција, лажни вести и говор на омразата.Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе ги разгледаат сите пријави и ќе преземат активности што се во рамките на можностите и мандатот на Организацијата. Вашите податоци не се објавуваат јавно освен ако вие тоа не го побарате, велат од ЦИВИЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот