ЦИВИЛ апелира до сите граѓани кои ќе го слават Курбан Бајрам, максимално да се придржуваат кон мерките за заштита од коронавирусот

Муслиманите слават Курбан Бајрам, еден од двата најсвети верски празници за муслиманите. Тоа е празник на жртвувањето, но и на солидарноста, кога жртвата што се поднесува се споделува со домот, со роднините и со сиромашните.  

Токму во духот на солидарноста, ЦИВИЛ апелира до сите граѓанки и граѓани кои ќе го слават Курбан Бајрам, максимално да се придржуваат кон мерките за заштита од коронавирусот, односно да се избегнуваат блиски контакти (ракување и гушкање) и да се редуцираат посетите во домовите, кои се традиција за празникот.

Бајрам значи и радост, па затоа апелираме до сите граѓанки и граѓани радоста да не ја претворат во тага, односно сите заедно да придонесат кон спречување на ширењето на коронавирусот.

Оние верници кои ќе одлучат да одат да се молат во џамиите, треба строго да се придржуваат до препораките, односно да си понесат простирка за молитва, да држат дистанца, да не се поздравуваат со ракување.

Исто така, ЦИВИЛ апелира до сите кои ќе принесат жртва, остатокот од животните (кожа или органи) да ги однесат во соодветни места кои нема да ја загадуваат животната средина, односно, по можност, да се воздржат од жртвување животни, туку подароците да ги заменат со пари или добра. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот