ЦИА ОТКРИВА: САД го поддржувале Садам Хусеин во нападите со нервен гас врз Иран

фото: Википедија

-Ирак никогаш не не извести дека има намера да користи нервен гас. Немаше ниту потреба, ние тоа го знаевме, вели Франкон.

Соединетите Американски Држави го поддржувале ирачкиот диктатор Садам Хусеин додека го напаѓал Иран со хемиско оружје во 1988 година, покажуваат документите кои неодамна ги објави ЦИА.

Според Форинполиси, американските воени и разузнавачки служби знаеле, но не направиле ништо за да ја спречат серијата напади со нервен гас. Напади кои беа многу пострашни од оние во Сирија, за што меѓународната заедница го обвини претседателот Башар ал-Асад.

За време на војната со помош на сателитски снимки, САД откриле дека Иран се подготвува за напад, искористувајќи дупка во ирачката одбрана. Разузнавачите ја откриле локацијата на иранските сили иако биле свесни дека трупите на Хусеин ќе нападнат со сарин, смртоносен нервен гас, кој неодамна беше користен во Сирија.

Според документите на ЦИА, Ирак во 1988 година во четири наврати извршија напади со сарин. Тие напади биле спроведени со помош на американски сателитски снимки, мапи и останати разузнавачки податоци. Со тоа САД директно влијаеја на пресврт во војната за ирачката страна и го притиснаа Иран да седне на преговарачка маса.

Тие, сепак, беа последните напади со нервен гас врз Иран кои траеја неколку години. За нападите запознаена била администрацијата на тогашниот претседател Роналд Реган.

Долго време, американските претставници негираа дека ги затворале очите, тврдејќи дека Хусеин никогаш не најавувал оти ќе нападне со сарин.

Поранешен воздухопловен полковник, Рик Франкон, кој во тоа време бил стациониран во Ирак ги побива овие изјави.

-Ирак никогаш не не извести дека има намера да користи нервен гас. Немаше ниту потреба, ние тоа го знаевме, вели Франкон.

Според податоците на ЦИА, САД прибирале докази уште од почетокот на нападите во 1983 година. Во тоа време Иран тврдеше дека се случуваат напади со хемиско оружје, а документацијата ја испрати до Обединетите нации.

Меѓутоа, во тој извештај недостасуваа докази за вмешаност на Ирак.

Во документите се заклучува дека ЦИА тврдела оти Иран не може да ги докаже нападите бидејќи нема цврсти докази, иако агенцијата во тој период ги поседувала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот