ЦЕЛОДНЕВНИ НЕМИРИ ВО БАРСЕЛОНА, СЕПАРАТИСТИТЕ ПОРАЧУВААТ: Референдум за независност мора да има

Фото: Профимедиа

Лидерот на каталонските сепаратисти Ориол Јункерас, кој доби најдолга затвроска казна со одлуката на Врховниот суд на Шпанија поради својата улога во неуспешното прогласување на независност на регионот, изјави за „Ројтерс“ дека нов референдум за независност е неизбежен.

Поранешниот потпретседател на каталонската влада преку мејл од затворот одговори на прашањата на „Ројтерс“, велејќи дека затворските казни кои му се изречени на него и на уште осум лица, само го засилиле нивното движење и го направиле поодлучно.

Јункерас осуден е на 13 години затвор.

– Сигурен сум дека овие судири ќе бидат решени со гласачки ливчиња. Уверени сме дека неизбежно е одржување на референдум, порано или подоцна, бидејќи тоа е единствениот начин за да го слушнеме гласот на народот – напиша тој од затворот, додавајќи дека не жали што го организирал референдумот во 2017 година.

Во своето прво интервју по изрекувањето на казната, Јункерас посочи за медиуми дека тој и останатите осуденици планираат да поднесат жалба до Европскиот суд за правда во Стразбур.

Каталонскиот лидер порача дека движењето за независност и по изрекувањето нема да прекине, како и дека неговите поддржувачи само ги засилиле нивните убедувања.

Во судирите на полицијата и демонстрантите се повредени 37 луѓе

Во судирите на демонстрантите и полицијата на аеродромот во Барселона се повредени 37 лица, соопштија надлежните служби, а пренесе „АП“.

„Ројтерс“ информира дека полицијата вчера на влезот на аеродромот влегла меѓу демонстрантите кои протестираа поради пресудата за организаторите на референдумот за независност на Каталонија.

На видео-снимките може да се забележи како полицајците со палки ги тепаат демонстрантите кои носат маски и капи. Демонстрантите возвратија со буткање, а се слушнаа и експлозии. По настаните, регионалната полиција соопшти дека се уапсени двајца демонстранти.

Фото: Профимедиа

На аеродромот Прат во Барселона вчера се откажани 67 предвидени летови, а таа бројка може да порасне поради фактот што демонстрантите и понатаму го блокираат аеродромот.

Протестите избија поради одлуката на Врховниот суд во Мадрид да осуди девет официјални лица од Каталонија на затворски казни меѓу девет и 13 години затвор поради бунт и користење на јавни пари за организацијата на референдумот за независност во 2017 година. Референдумот беше забранет од Уставниот суд на Шпанија.

Три каталонски официјални лица исто така добија забрани за вршење на јавни фунцкии и парични казни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот