Цако доби работа во Град Скопје

Александар Матовски- Цако, кој на јавноста и е познат како првиот македонски студент кој одржа говор во седиштето на Обединетите Нации, денеска доби работа во Градската администрација. Имено, тој од денеска ќе работи во секторот за социјална и здравствена заштита. Вработувањето на Цако во службите на Градот, според градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов е позитивен пример кој треба и останатите да го следат.

– Се грижиме за лицата со Даунов синдром, но и за останатите лица со попреченост. Се трудиме да обезбедиме еднакви можности за сите. Апелирам до сите да даваат подеднакво шанса на сите со што ќе се намали дискриминацијата на лицата со попреченост, рече Шилегов.

Цако се заблагодари на можноста да работи во Град Скопје, и рече дека веќе има стратегија како да ја подобри социјалната заштита на лицата кои имаат попреченост во развојот.

– Денес ми е среќен ден, славам роденден, а добив и работа, рече Цако.

Тој упати апел до родителите на деца со попреченост.

– Јас пред се имам апел до сите родители, да не се срамат од своите деца, без разлика какви се и без разлика дали прават грешки. Од грешките се учи. Имам план за работа и верувам дека ќе ја оправдам довербата што ми е дадена, рече Цако.

Цако на новото работно место

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот