Цаца Николовска: Иницијативата е прифатена, што значи дека ќе се расправа за членот 11а – Слободен печат
ВестиМакедонија

Цаца Николовска: Иницијативата е прифатена, што значи дека ќе се расправа за членот 11а

Не може да носите помирување во момент кога државата гореше, вели судијката Маргарита Цаца Николовска.

Иницијативата е прифатена, што значи дека ќе се расправа. Би сакала самото расправање да биде на потранспарентен начин, да има експерти за да може и Уставните судии и граѓаните да слушнат повеќе, рече во емисијата „Само вистина“ судијката Маргарита Цаца Николовска, за автентичното толкување на членот 11 од Законот за амнестија

-Ние за оваа иницијатива расправавме, така да во овој момент како ќе се заврши не би можела да кажам, јас се надевам дека судиите ќе размислат што значи враќање на една ситуација која претходно била расправана, што значи носењето на одлуката на претседателот во тоа време. Имајќи во предвид што се случуваше во моментот и по тоа, се надевам дека уставните судии ќе размислат. Не би рекла дека на тој начин се носи помирување. Не може да носите помирување во момент кога државата гореше. Јас заборавив дека Уставниот суд евентуално ќе одлучува за тоа. Треба да се има предвид дека Уставниот суд треба да води сметка што ќе донесат одлуките- истакна Цаца Николовска.

Судијката, Цаца Николовска вели дека автентичното толкување е малку пошироко елаборирање.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close