Цветановска и Јада се најдобрите балкански нордијци

Викендов заврши летната ролер ски-сезона 2022, со финалните трки во Србија (Златибор). На двете трки во спринт на делницата од 1.2 км, Ана Цветановска и Ставре Јада забележаа по 2 победи, со тоа станаа најдобрите во летниот период на Балканот, па од организаторите беа соодветно наградени како најдобри во машка и во женска конкуренција.
Во моментов Ана е на 87-фис поени а Ставре е на 51-фис поен, тоа се најдобрите резултати од постоењето на нордиско трчање во Македонија. Ана за прв пат во нашата историја има А-олимписка норма.
И двајцата репрезентативци имаат остварено норма за Светски куп и Светското првенство во Словенија, кое ке се одржи во месец фебруари.
Тие моментално ги прават последните подготовки на суво пред да заминат на снег во Италија. Велат дека се мотивирани за претстојната зимска сезона која е пред нив и веруваат дека и двајцата со програмата на нивниот тренер Борче Јованоски ќе направат многу добри резултати во зимската сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот