ЦУК: Опасност од излевања на Пчиња и Крива Река

Фото: илустрација

Забележан е зголемен водостој на реката Пчиња во Пелинце и на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Предупредуваме за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред вливот во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња, информира ЦУК.

Од ЦУК предупредуваат за можни локални излевања во горниот дел од сливот на река Пчиња.

Истовремено поради зголемен доток можно е водата да создава поголем притисок врз дел од некои мостовски конструкции, наведува ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот