ЦИА уште летово ја предупредила Германија за можен напад врз гасоводот „Северен поток“

Фото: EPA-EFE/Danish Defence Command

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) летово ја предупредила Германија за можни напади врз гасоводите во Балтичкото Море, објави германскиот весник „Шпигел“, откако вчера беше објавено за истекување на гас во рускиот гасовод „Северен поток“ кон Германија.

Германската влада добила дојава од ЦИА, објави „Шпигел“, цитирајќи неименувани извори. Познатиот германски медиум додава дека во Берлин сметаат дека гасоводите „Северен поток 1 и 2“ се цел на напади и дека станува збор за „саботажа“.

Од официјален Берлин засега не ги коментираат наводите на „Шпигел“.

Мапа од местото на истекувањето / Фото: Energystirelsen

Сомнежи за саботажа во Балтикот откако се отворија големи дупки во гасоводот „Северен поток“, Блинкен вели: никој нема интерес да саботира

Фон дер Лајен смета дека протекувањето во „Северен тек“ е чин на саботажа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот