Фон дер Лајен смета дека протекувањето во „Северен поток“ е чин на саботажа

Урсула фон дер Лајен/ Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа изјави дека протекувањето од гасоводот „Северен поток” во Балтичкото Море е „чин на саботажа”.

„Со данската премиерка Мете Фредериксен разговарав за чинот на саботажа на „Северен поток”, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

„Најважно е да се истражат инцидентите и целосно да се расветлат настаните и нивните причини. Секое намерно нарушување на активната енергетска инфраструктура во Европа е неприфатливо и ќе резултира со најсилен можен одговор”, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот