Чулев: СВР Охрид работи на идентификација на лицата кои учествуваа на Литијата и се поднесуваат соодветни кривични пријави

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата кои учествувале на литијата во Струга и ги прекршиле мерките од Владата, а доставени се и кривични пријави, односно поднесоци до Обвинителството.

„Во врска со литијата во Струга, СВР Охрид работи на идентификација на лицата и се поднесуваат соодветни кривични пријави, односно, поднесоци во ОЈО. Тоа е постапка што е тече. Мислам
дека е комплетирана. За пропустите на полицијата постапува Одделот за внатрешна контрола, до денес, до мене не е доставен извештај за комплетирана постапка. Штом биде комплетирана, а се
вршат и разговори со началникот на одделението за внатрешни работи во Струга, во СВР Охрид, со дежурните инспектори на терен и униформираните припадници на полицијата, вклучително
и со одделот за неуниформирана полиција, така што, кога ќе биде комплетирана цела постапка, ќе ја
информирам јавноста, со оглед дека тука има затајување на превентивната функција на Министерството за внатрешни работи“, рече Чулев.

Тој на денешната прес-конференција соопшти и дека Агенцијата за национална безбедност и натаму има пристап до уредите за прислушкување, што е спротивно на Законот и на препораките од Прибе.

„Поранешната УБК, денес Агенција за национална безбедност, се уште ја има задржано посредничката улога во системот за следење на комуникациите а кои се однесуваат за кривачни истраги кои што ги спроведува МВР. Односно, по четири години од извештајот на Прибе, состојбата во УБК останува во најголем дел непроменета. Агенцијата се уште е дел од системот за следење на комуникациите, спротивно на законот. Таа се уште има можност за пристап до сите телефонски разговори кои се предмет на оперативна обработка од страна на МВР “, појасни Чулев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот