Чулев: Полициските службеници да постапуваат исклучиво во согласност со законите

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и Полициското одделение во Сарај.  Обезбедувањето на мирни, фер и демократски избори беше темата во фокусот на двете одвоени работни средби.

Во рамки на своето обраќање министерот Чулев истакна дека сите полициски службеници потребно е да бидат на висина на својата задача и да го дадат својот максимум во спречување на евентуални изборни нерегуларности. Единицата за брзо распоредување  важи за една од најпочитуваните единици во чии редови се исклучителни професионалци и тие треба да дадат полн придонес во спречувањето на евентуални изборни нерегуларности.

Министерот Чулев уште еднаш ги повика полициските службеници да постапуваат исклучиво во согласност со законите. Тоа постапување согласност со законите е исклучително важно во еден ваков сериозен процес како што се парламентарните избори, кои треба да ја покажат зрелоста и демократскиот капацитет на државата, но и на сите политички чинители во неа, нагласи Чулев.

-Фер и демократски парламентарни избори се крајниот резултат која треба да произлезе од техничката влада која функционираше во изминатите неколку месеци и сите ние имаме обврска да дадеме придонес изборите да се одржат согласно европските стандарди- заклучи Чулев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот