фото: EPA-EFE/Andrew Yates

Чуден тајминг за објава – Јирген Клоп би можел да се врати во Ливерпул?!

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, отворено зборуваше во популарниот подкаст „The Diary Of A CEO“, во кој во разговор од два и пол часа се осврна на многу теми од својата кариера и живот.

Малкумина се оние во светот на фудбалот кои не чувствуваат симпатии кон Клоп. Неговата харизма, директноста во односите со медиумите и впечатливиот стил на фудбал што го играа неговите тимови – особено Ливерпул – оставија силен печат.

Она што го направи интервјуто посебно интересно беше моментот кога беше објавено – само еден ден по четвртиот по ред пораз на Ливерпул во сите натпреварувања, последниот токму од најголемиот ривал, Манчестер Јунајтед.

На самиот почеток од разговорот, Клоп беше запрашан за можноста повторно да седне на клупата на Ливерпул.

„Реков дека никогаш нема да се вратам во Премиер лигата – освен ако станува збор за Ливерпул. Така што, теоретски, можно е,“ изјави Германецот.

Клоп зборуваше и за тешките моменти по смртта на Диого Жота, што, како што рече, силно ја погодило целата екипа.

„Кога ја дознав веста, седев без зборови долго време. Тој ми беше како член на семејството. Никој во Ливерпул нема да ја користи неговата смрт како изговор, но секојдневно минуваат низ простории каде што тој секогаш беше присутен. Невозможно е да се справиш со тоа. Како воопшто можеш да замениш човек како Диого Жота?“ рече Клоп, додавајќи дека токму Мохамед Салах бил тој што го убедил да го доведе Португалецот во клубот.

Се чини дека дел од лошата форма на Салах оваа сезона може да се поврзе и со оваа трагедија – Египќанецот, потсетуваме, дури и јавно заплака на отворањето на сезоната на „Енфилд“, по натпреварот со Борнмут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот