Чуден план на Лапорта за намалување на долгот од милијарда евра: Со купување на Нејмар

Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Жоан Лапорта кој годинава се врати на претседателската функција во Барселона (првиот мандат од 2003-2010 се смета за најуспешен во историјата на клубот), има чуден план како да ја спаси Барселона од големите долгови кои ја надминаа бројката од милијарда евра. Имено, Лапорта планира долгот да го намали со уште поголемо трошење.
Според „Мундо Депортиво“  Лапорта го направил првиот чекор и имал разговор со Нејмар на кој се зборувало за враќањето на Бразилецот на „Камп Ноу“.

Претседателот на Барселона е убеден дека овој трансфер не е невозможна мисија и дека шансите за такво нешто се зголемуваат секој ден бидејќи Нејмар одбива да потпише нов договор со ПСЖ. Актуелниот договор на Нејмар со ПСЖ му истекува идната година, а нов договор не е потпишан иако самиот фудбалер изјави дека нема дилеми и оти планира уште долго да остане во Париз.
Доколку сака да го врати Нејмар уште ова лето, Лапорта ќе мора да најде најмалку 100 милиони евра кои би ги барал ПСЖ како обесштетување или да се откаже од Осман Дембеле но прашање е дали самиот фудбалер сака да си замине од „Камп Ноу“.

Лапорта во исто време е во преговори со инвеститор од САД за позајмица вредна 500 милиони евра кои клубот би ги искористил да ги намали долговите но и да го финансира новиот договор со Лионел Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот