Човекот кој го нападна голманот на Севиља Дмитровиќ доби 40 години забрана за влез на стадион

фото: EPA-EFE/OLAF KRAAK

Марко Дмитровиќ кој ги брани боите на Севиља доживеа непријатност на стадионот на ПСВ во Холандија, откако еден домашен хулиган влета на теренот пред самиот крај на мечот и го нападна српскиот голман.

Споменатиот дуел во Лига Европа се одигра на 23 февруари во Ајндховен. Иако со никаков потег не испровоцира никого, Дмитровиќ беше нападнат од хулиган кој влета на теренот и се обиде да го удри. Голманот доби гребнатинка, а беше утврдено дека хулиганот имал 1,6 промили алкохол во крвта.

Чуварот на мрежата остана присебен, го онеспособи хулиганот, а потоа го собори хулиганот додека не дојде обезбедувањето и го однесе и го предаде на полицијата.

Недолго потоа, како што известува „Ројтерс“, хулиганот беше изведен пред судот кој го осуди на три месеци затвор, од кои еден месец условно. Покрај тоа, тој беше казнет да се движи околу стадионот на ПСВ во Ајндховен, во период од две години.

Но, неговите казни не завршија тука, бидејќи на ваков потег се одлучи и самиот ПСВ. Покрај тоа што ќе помине одреден период зад решетки, овој хулиган нема да може да присуствува на натпреварите на ПСВ во следните 40 години, соопшти холандскиот клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот