Чорба од домати – ем евтини состојки, ем готова за половина час

Фото: Unsplash

Примарна состојка на оваа прочуена чорба се доматите. Може да се сервира топла или ладна, а може да се направи на различни начини. Чорбата од домати може да биде со мазна текстура, а постојат и рецепти кои содржат делови од домати, крем, пилешко или бујон, резанки, делови од друг зеленчук и ќофтиња. Популарни преливи за чорбата од домати вклучуваат павлака или мали парчиња леб.

Ви донесуваме брз рецепт за чорба од домати.

Состојки:

– 500 мл сок од домати
– сол, бибер, коцка за супа, свеж магдонос
– фиде за супа
– половина главица кромид
– масло
– 6 чаши вода

Подготовка:

На масло динстајте го сечканиот кромид. Додадете сок од домати и вода, па кога ќе почне да врие, внимавајте затоа што се формира пена што треба да се отстрани. Додадете ја коцката за супа, биберот и уште малку сол по потреба.

Пред крајот, додадете го фидето и кога тоа ќе омекне, супата е готова. Магдоносот ставете го на крајот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот