Чисти езера и нови зелени катчиња во ЗОО Скопје (ФОТО)

По повеќе од 13 години беше исчистено големото езеро во Зоолошката градина во Скопје, а малите езерца добија пролетно чистење по есенската генералка. Беа засадени и преку 200 нови садници- врби, бадеми, лешници, малини, како и повеќе видови цвеќиња.

Од неделата, посетителите може да уживаат и во новото катче покрај езерото, каде што се наоѓа и Бродот на радоста. Токму тогаш во Зоолошка имаше рекордни 18 000 посетители, со што е надмината претходната бројка од 12 000 посетители на почетокот на март.

„ЗОО Скопје ќе продолжи со зазеленување и разубавување на просторот за посетителите и животните. Наша цел е да направиме буквално шума во градот и се стремиме да станеме Еко ЗОО парк”- изјави портпаролот на Зоолошка градина Скопје, Тина Мицковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот