Четири награди се доделени на „Бич филм фестивал“

Четири награди се доделени на четвртото издание на Фестивалот на нов европски филм „Бич филм фестивал“, што од 21 до 25 јули се одржа во Охрид.

Наградата „Голем бран“ за најдобар долгометражен филм ја доби „Moon, 66 questions“ на режисерката Жаклин Лентзу, додека актерката Софија Кокали, која игра во филмот, ја доби наградата „Стефан Сидовски – Сидо“ за најдобро актерско остварување.

Наградата „Мал бран“ за најдобар краткометражен филм ја доби „Pipo & Blind love“ на Хуго Ле Гуриерек, додека специјално признание за најдобар студентски филм доби „Дудук“.

Жирито што одлучуваше за наградите во трите официјални категории, како и за наградата „Стефан Сидовски – Сидо“, беше во состав: Сергеј Трифуновиќ – актер, Ана Василевска – филмски теоретичар/критичар и Елеонора Венинова – сценаристка/режисерка.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 91, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 31 јули – 2 август 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот