Честитка од Спасовски по повод Успение на Пресвета Богородица

Оливер Спасовски
Прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски / Фото: Влада на РСМ/принтскрин

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од свое лично име и во името на МВР упати честитка до православните верници по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, со желби за добро здравје, мир и благосостојба.

-Еден од најзначајните празници на Божјата Мајка кој говори за вечната нејзина живост и за воскресната радост, чествувајќи го бескрајното спасение, силата и чистотата. Таа го носела Христа, го родила и ни го дала нам, учествувајќи со тоа во Тајната на спасението на родот човечки. Ние непрестајно сме поткрепувани со нејзината благодат, за просветление на умот и срцето, и за зацврстување на нашата волја за извршување на добри дела. Нека е за многу години!, стои во честитката од Спасовски објавена на неговиот официјален фејсбук профил проследена со фотографии од присуство на празничната литургија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот