Честитка од претседателот Пендаровски по повод Успение на Пресвета Богородица

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски /Фото: Архива на „Слободен печат“

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до сите верници од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

– Почитувани сограѓани од православна вероисповед, нека ни е честит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Посакувам, празникот да го минеме пред се во добро здравје, исполнети со љубов, радост и среќа, наведува Пендаровски.

Претседателот воедно изразува жалење што, како и минатата година, празникот и овојпат ќе мораме да чествуваме во изменети околности, почитувајќи ги сите правила и препораки за заштита од ковид.

– Соочувајќи се со пикот на четвртиот бран да бидеме одговорни и дисциплинирани. Да им даруваме љубов на ближните, имајќи особена почит за родителите, а разбирање и прифаќање за децата. Да не дозволиме ништо да ја разниша нашата вера и оптимизам и да ги сочуваме своите вредности и верувања без разлика на тешкотиите со кои се соочуваме. Сплотени да продолжиме да делиме милост и разбирање, отворајќи ги срцата за сите. Нека ни е честит празникот и за многу години, пишува претседателот Пендаровски во честитката по повод Успение на Пресвета Богородица.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот