Честитка од Мицкоски по повод Богојавление-Водици: Со добри дела и силна волја да ја вратиме надежда за посветла иднина

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка до сите православни верници по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.

– Како народ денес сме соочени со мрачни и тешки премрежија кои ги рушат нашите традиционални вредности кои низ вековите не одржале. Но, тука се и човечките слабости на корупција и криминал, кои ги разјадуваат темелите на нашата држава, на нашиот заеднички дом. Овие проблеми, како никогаш до сега, се закануваат на нашиот опстој и затоа мораме да бидеме единствени и одлучни да им се спротивставиме. Тие се изворот на сиромаштијата, бесперспективноста и целосниот распад на системот во Македонија и потребна ќе ни биде голема мудрост, сплотеност и истрајност тоа зло да го победиме. Со добри дела и со силна волја можеме да ја вратиме надежта за посветла иднина и да градиме подобра Македонија за нас и за нашите идни поколенија. Тој пат ќе го одиме сите заедно во слога, меѓусебно разбирање и взаемна почит, без разлика на нашата верска, етничка или политичка припадност, затоа што тоа ние аманет од претходните и завет кој ќе го оставиме на идните генерации, вели Мицкоски во честитката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот