Чешка во вонредна состојба најверојатно до крајот на април

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Владата на Чешка планира да ја продолжи вонредната состојба до 27 април поради пандемијата со ковид-19. Министерот за внатрешни работи Јан Хамачек изјави дека е неопходна таквата мерка.

Вонредната состојба треба да биде одобрена од страна на Парламентот, кој може да побара и пократок период.

Ситуацијата во земјата, која брои 10,7 милиони жители, постепено се подобрува. Чешка претходно ги повика други земји, како Германија и Полска, да помогнат во лекување на пациентите со ковид-19.

– Во моментов, се чини дека можеме да ја контролираме ситуацијата со сопствени ресурси, истакна Хамачек.

Во меѓувреме, надежите дека лекот ивермектин за инфекции со паразитски црви, може да ја третира болеста, беа уништени. Владата имаше дистрибуирани 10.000 пакети ивермектин до болниците, но Европската агенција за лекови (ЕМА) експресно советуваше да не се употребува лек надвор од клиничките студии, поради недоволни информации.

Од почетокот на пандемијата, во Чешка се регистирани над 1,4 милиони заразени луѓе со ковид-19 и 24.810 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот