Чешка компанија вложува 4,7 милиони евра за модернизација на јавното осветлување во Куманово

Чешката компанија „ИЦС системи” ќе биде задолжена за модернизација на јавното осветлување на Куманово.

Одлуката за избор на најповолна понуда за воспоставување на јавно-приватно партнерство за осветлувањето во градот ја изгласаа советниците на општина Куманово на денешното продолжение на  29-тата седница.

Компанијата во наредните 10 години треба да вложи 4,7 милиони евра во опремата и системот. На тендерот се јавиле две компании.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски рече дека би бил задоволен уште лани да било воспоставено вакво партнерство, зашто потенцираше, оваа фирма ќе биде задолжена да врати 20 проценти од средства што се уплаќаат по основ на комунална такса и дополнителни два процента на годишно ниво за нови инвестиции.

Прочитајте и...  Филипче: Со жалење ја примив веста, дека уште еден медицински работник ја изгуби битката со ковид-19

Тој рече дека истата компанија се грижи за осветлувањето во Охрид.

– Овој партнер презема обврска да ја промени инсталацијата, да постави нови броила за отчитување на електрични броила, да врши целосна услуга на општината кон граѓаните во делот на техничко одржување. По потпишување на договорот секој столб ќе биде одбележан со сериски број на кој ќе има телефон за пријавување на дефекти и минимум од 24 до 48 часа во градот, а во руралните средини  до 72  часа да биде заменета таа сијалица, да биде отстранет дефектот, а општината само ќе врши надзор дали партнерот во целост ја извршува својата работа – рече Димитриевски.

Доколку некој од партнерите не се придржува до договорот, тогаш тој ќе се раскине. Димитриевски образложувајќи пред советниците рече дека со години не е вложено во инсталацијата и дека често се случуваат дефекти на осветлувањето во поедини делови од градот.

Прочитајте и...  Демант од ФИТР: Целосно неточни и измислени се наводите за склучени договори во четири очи

Кумановскиот градоначалник рече дека размислува за воведување јавно приватно партнерство и во други аспекти, со цел да се направат заштеди и средствата да се вложат во други проекти за развој на градот.

Прочитај повеќе

Во „Викендот без ДДВ“ ќе се купуваат домашни производи и ИТ опрема до 30.000 денари

Слободен печат

Заев: Никој нема да биде изоставен со четвртиот пакет мерки (ВИДЕО)

Слободен печат

Рама од Валона најави: Албанија ќе ги олесни анти-ковид мерките

Слободен печат

Силен земјотрес во близина на Света Гора

МИА Агенција

Помпео на средби со Мицотакис и Денедиас во Атина

МИА Агенција

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Јом Кипур

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Азербејџан: Општа мобилизација во земјата не е неопходна

Слободен печат

Бектеши: Продолжува поддршката за туристичкиот сектор во текот на пандемијата

Слободен печат

Превентива и ран скрининг клучни за намалување на ризикот од појава на рак на дојка

Слободен печат

Снежна покривка на Кораб (ФОТО)

Слободен печат

Алиев: Азербејџан нема да молчи за постапките на Ерменија, имаме загинати и ранети војници

Слободен печат

И ЕУ побара итен прекин на воените активности во Нагорно Карабах

Слободен печат