Чешка изрази интерес за руската вакцина „Спутник V”

Чешка изрази интерес за руската вакцина „Спутник V” против Ковид-19, јави ДПА, повикувајќи се на денешната посета на премиерот Андреј Бабиш на Будимпешта, каде од неговот унгарски колега, премиерот Виктор Орбан, треба да ги дознае деталите за планираната употреба на вакцината во оваа земја.

Унгарија е првата држава членка на ЕУ што под итно ја одобри руската вакцина.

-Се разбира, ние ќе ја поздравиме одлуката доколку Европската агенција за лекови ја одобри руската вакцина, рече Бабиш пред заминувањето, јави чешката агенција ЦТК.

Во Чешка постои огорченост кај населението заради бавното темпо на вакцинирање, бидејќи според податоците што до денеска ги издаде Министерството за здравство, во земјата употребени се 327.759 дози, додаде ДПА.

Се повеќе има поплаки дека политичари, официјални лица, па дури и илјадници полицајци преку ред ја добиле вакцината.

Германската агенција пренесува дека стравувајќи од нови мутации на вирусот, владата во Прага дополнително ги заостри правилата за влез во земјата.

Во принцип, влез за странци во Чешка е дозволен само во итни случаи, како што се службените патувања. Новитет во мерките е дека сега мора да се приложи негативен тест за коронавирус при влезот од сите соседни земји. Но и по пристигнувањето, задолжителен е втор тест. Луѓето се ставаат во карантин се додека не се добие негативен резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот