Червар: Вардар е шампион на Европа, а Македонија од тоа нема никаква корист!

фото: твитер

Поранешниот селектор на нашата најдобра репрезентација во интевјуто за „sportske.jutarnji.hr“, говореше за своите очекувања со хрватската репрезентација пред настапот на Европското првенство 2020.

„Коцкастите“ ќе играат во групата „А“ во Грац (Австрија) против селекциите на Црна Гора, Белорусија и Србија. Воедно на овој континентален собир ќе учествува и македонската репрезентација која е сместена во групата „Б“ во Виена против домаќинот Австрија, Украина и Чешка.

Запрашан од стратегијата на развојот во една национална селекција, еве што вели искусниот стратег:

– Скандинавците се мој пример, бидејќи тие имаат чиста стратегија за развој. Мора да одлучиме каков пристап ќе имаме. Без разлика дали ја следиме културата на победа или ја следиме програмата за развој, тие се опциите. Мислам дека првата опција ја применуваат земјите во транзиција од Југоисточна Европа. Тоа е само за да го прикриете дефицитот, затоа што со победи, сè бришете. Затоа, кај нас второто или третото никогаш не е успех. Во Норвешка, на 11 години, не знаете кој е победник. Тоа е комплетна програма за развој на младите не само во играчка смисла. Порано беше да доаѓаат деца од провинција, а сега на 18 и 19 години овие деца одат во странство повеќе не студираат, не учат. Тие се аргументите. Можеме да преживееме со победа на краток рок, но со материјална стратегија можеме да преживееме на долг рок. Не можеме да продолжиме вака засекогаш, затоа што сето тоа завршува.

– Второ прашање е да се форсираат клубовите или репрезентацијата. Вардар е прв во Европа, па Македонија од тоа нема никаква корист,  а тоа неодамна го рече и нивниот капитен самиот Лазаров. Кјелце е на врвот, па Полска не може ништо од тоа, дури ни на големата сцена, макар што на неа доминираше. Која е таа смисла? Ако наш играч оди надвор за 3.000 евра, а Загреб или Нексе му дадат толку, дали би останал дома или ќе оди во странство? – вели Червар.

– ОСТАНА БЕЗ 25 ИГРАЧИ –

Во намерата како да се направи подобар национален состав, вели дека тренерите мора често да вложуваат, вложуваат во себе, а сподели едно искуство додека беше во нашата земја.

– Јас останав без 25 играчи во Македонија поради штрајк. Работев шест часа дневно, шефот ми рече дека морам да останам само да покажеме дека можеме со младите да одиме напред. Бевме во Кил со Кузмановски, Талески, Нелоски кои буквално беа деца. Реализиравме три голови на полувремето, а добивме аплауз за храброста, но тие играчи за две години го победија Вардар кој една година подоцна беше европски шампион – додаде хрватскиот селектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот