Челси станува смешен тим: На Лампард му ветија пари за нови играчи – го откачија, а сега ново ветување

twitter/Chelsea FC

Менаџерот на Челси влезе во вербална војна со управата на клубот бидејќи не донесоа ниту едно засилување во зимскиот преоден рок, па сега пожарот се гаси со нови ветувања за на лето.

Веднаш по завршување на зимскиот преоден рок, Френк Лампард јавно изјави дека е разочаран од управата на Челси и дека тимот повеќе не може да се смета за еден од најдобрите во Англија.

Причината за ваквата реакција на Лампард е погазеното ветување дека во зимскиот преоден рок, ќе бидат потрошени околу 100 милиони фунти за нови фудбалери со кои Челси би останал во трката за освојување на четвртото место кое носи пласман во Лигата на шампионите. Лампард сакаше да го ангажира Единсон Кавани од ПСЖ како засилување за нападот, но управата го одби неговото барање.

Сега челниците на екипата му ветуваат на разочараниот Лампард дека на лето ќе има на располагање 150 милиони фунти за купување на нови фудбалери. Весникот „Стандард“ објави дека Челси на лето ќе тргне по ангажман на напаѓач и играч од средниот ред.

На листата на желби на Лампард се наоѓаат Муса Дембеле од Олимпик Лион кој би чинел 60 милиони фунти, ѕвездата на Кристал Палас, Вилфред Заха и играчот на Ајакс, Хаким Зијех, додека нереални желби се Тимо Вернер од Лајпциг и Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот