Челси фаворит за Хаверц, но 100 милиони евра се премногу!

фото: твитер

Лондонските „сини“ и натаму покажуваат интерес за обезбедување на услугите на еден од најдобрите играчи на Баер Леверкузен.

Челси (кој претходно ги ангажираше Тимо Вернер и Хаким Зијеш) според британските медиуми е фаворит за потписот на Каи Хаверц, но сумата која што ја бараат Германците за играчот од 90 милиони фунти (100 милиони евра) е преголема. За фудбалерот во трката се наоѓаат уште Реал Мадрид, Барселона и Баерн Минхен.

Хаверц сака да го напушти бундеслигашот ова лето и неговиот клуб е подготвен да го ослободи, иако има уште две години од важечкиот договор, а воедно не успеаја да се квалификуваат за следната сезона во Лигата на шампионите.

Официјално: Тимо Вернер е нов играч на Челси

Баер го освои петтото место кое води во групите на Лигата на Европа и Хаверц може да продолжи со екипата да игра во тоа натпреварување.

Но, му се нуди и шанса да игра во Лигата на шампионите со Челси кој е третопласиран моментно во Премиер лигата, иако и натаму го нема обезбедено настапот во европскиот крем на четири кола до крајот на сезоната.

21-годишниот играч во Бундеслигата минатата сезона за Леверкузен запиша 12 голови и шест асистенции, а според „Трансфермаркт“ вреди 81 милион евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот