Чавушоглу: Два милиони бегалци можат да се вратат во Сирија

Турција планира да врати најмалку два милиона бегалци во северна Сирија, на територијата каде Анкара ја изведе воената операција „Извор на мирот”, изјави шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

По разговорите со колегите од Русија и Иран, Сергеј Лавров и Мохамад Џавад Зариф, турскиот министер кажа дека цел на неговата земја е бегалците безбедно да се вратат во Сирија, во согласност со меѓународното право и во координација со агенциите на ОН.

– Мислиме дека два милиона бегалци можат да се вратат во подрачјата кои се ослободени од терористите, рече Чавушоглу.

Тој оцени дека основањето на Сириската уставна комисија е голем и храбар чекор напред во процесот на изнаоѓање политичко решение за кризата во оваа земја.

Лавров, Чавушоглу и Зариф се сретнаа во Женева, каде разговараа за ситуацијата во Сирија и почетокот на работата на Сириската уставна комисија, која денеска ќе ја одржи својата прва седница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот