Чави суспендиран на два натпревари, ќе ја води Барса во дербито против Реал Мадрид

фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, поради исклучувањето на дербито против Атлетико Мадрид, нема да има право да го води својот тим на следните два натпревари во „Ла Лига“.

Чави веќе доби црвен картон оваа сезона, па во Барселона се стравуваше дека оваа суспензија може да трае дури три натпревари, што би значело дека поранешниот играч за врска ќе го пропушти дербито со Реал Мадрид.

Чави нема да може да го води тимот на натпреварите против Лас Палмас и Кадиз, кога на клупата ќе биде заменет од неговиот брат Оскар.

Првиот стратег на Барселона се враќа на клупата на 21 април кога на програмата во Мадрид е „Ел Класико“.

Барселона моментално е втора во табелата во Ла Лига со 64 бода, два повеќе од третопласираниот Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот