Чави Ернандез позитивен на коронавирус
Легендарниот капитен на Барселона веста ја соопшти преку социјалните мрежи.
Поранешниот капитен на Барселона и на шпанската репрезентација, Чави Ернандез, е позитивен на ковид-19.
Тренерот на катарскиот Ал-Сад за среќа се наоѓа во добра здравствена состојба и нема потешки симптоми, но сепак же го пропушти стартот на новата сезона во Катар.
„Пред неколку дена се тестирав и испаднав позитивен на Ковид-19. За среќа се чувствувам добро, но поради протоколот ќе останам во изолација“, напиша меѓу другото Чави на својот Инстаграм профил.
Чави во последно време се поврзуваше со враќање во Барселона и тоа како наследник на тренерот Кике Сетиен, но поранешниот капитен на каталонците неодамна го продолжи договорот со Ал-Сад.