Центар за граѓански комуникации: Разликите во цени за набавките за ковид и до 500 отсто!

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Проценетите вредности на јавните набавки поврзани со ковид-19 останаа многу повисоки од цените на тендерите и во второто полугодие од 2021 година, велат од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), кој во својот извештај констатира проблеми и ризици од корупција во оваа сфера.

„Има еден понудувач или останува еден понудувач по елиминирање на другите понуди во фазата на евалуација, речиси без исклучок понудената цена се совпаѓа или е многу блиску до проценетата вредност на набавката, иако таа не е јавно објавена, што упатува на претходно вонзаконско договарање меѓу институциите што набавуваат и фирмите понудувачи“, велат од ЦГК и додаваат дека разликите во цените за исти производи, набавени во ист временски период, се движат и до 500 отсто!

Тие сметаат дека при набавката на реагенси постои долгорочна зависност од фирмата чиј апарат за тестови го користи институцијата што содржи ризик од плаќање високи цени за реагенсите и можност за корупција, а недокументирањето и нетранспарентноста се високоризични за корупција.

Според истражувањето, како јавни набавки за ковид-19 се купувани производи што не можат да се доведат во врска со пандемијата. Пример за тоа е службено патничко возило со кожен волан, шест звучници и металик боја.

Извештајот е изработен врз основа на длабински мониторинг на 40 постапки за јавни набавки на стоки, услуги и работи за заштита од ковид-19, чии договори се склучени во второто полугодие од 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот