Целје ја оствари најубедливата победа во првиот ден на Струшкиот ракометен турнир

Фото: Фејсбук/RK CELJE PIVOVARNA LAŠKO

Ракометарите на Целје Пивоварна Лашко со убедлив триумф од 30:20 против Бутел го започнаа настапот на јубилејниот 50 Струшки ракометен турнир. Ова воедно беше најубедлив триумф на првиот ден од турнирот, претходно Е. Пелистер со 27:23 го совлада домаќинот Струга, додека Вардар добро се намали со Алкалоид (24:22).

Дилемите околку победникот беа решени уште во првото полувреме во кое тргнаа со 10:2, а на одмор заминаа со двоцифрена предност (18:8).

Второто полувреме, ракометарите на словенечкиот тим рутински ја одржуваа предноста додека тренерот, Тоскиќ им даде шанса на сите ракометари и на крајот славеа со 30:20.

Во второто коло од групата Б, Целје ќе игра против Алкалоид, додека Бутел го очекува пресметка со Вардар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот