CCM: Во пречистителната станица во Волково биле внесени и паркирани автобуси на ЈСП „Скопје“

Фото: ССМ

Во текот на вчерашниот ден, автобуси на ЈСП „Скопје“ се кријат и паркираат по објекти на ЈП „Водовод и канализација“ и истите утринава се уште биле таму со што сериозно се нарушува безбедноста на објектите на ЈП „Водовод и канализација“ за што в.д директорот Марјанчо Митовски треба да одговара како и да одговараат неговите налогодавачи, стои во објавата на Сојузот на синдикатите на Македонија.

– Во пречистителната станица Волково на ЈП „Водовод и канализација“ во доцните вечерни часови биле внесени и паркирани автобуси на ЈСП „Скопје“ и тоа до самите безени и пумпи со што е нарушена безбедноста, а за што синдикатот СУТКОЗ упорно предупредува изминатите денови. Пречистителната станица на ЈП „Водовод и канализација“ во Волково е објект од витално значење за градот Скопје и со ваквиот преседан Митовски како в.д директор и неговиот налогодавач директно го доведуваат во опасност функционирањето на објектот како поради опасност од излевање и истекување на опасни материи од автобусите, како и опасност од предизвикување на хаварија од поголем обем за чија интервенција на итните служби како против пожарната служба ќе бидат попречени – обвинуваат од ССМ.

Исто така, од ССМ велат и дека во текот на доцните вечерни часови според како што велат сознанија од синдикалисти, биле злоупотребувани ресурсите на ЈП „Водовод и канализација“, за како што велат неовластено да извршуваат работи и тоа еден багер – скип работел и отворал пристап на задната страна од гаражата на ЈСП во Ѓорче Петров со што директно се злоупотребуваат ресурсите и работниците на ЈП „Водовод и канализација“ со што како што тврдат оттаму се прави штета за лични цели на в.д директорот и на неговиот налогодавач.

– Доколку и ова не е доволно в.д директорот да биде уште веднаш разрешен поради злоупотреба на ресурсите на претпријатието и доведување во директна опасност на објектите од витално значење на ЈП „Водовод и канализација“ тогаш се потврдува дека истиот како слеп послушник е поставен да раководи со ова витално јавно претпријатие за исполнување на желбите на градоначалничката Данела Арсовска и таа е нај одговорна за состојбите во кои се наоѓа ова јавно претпријатие. Бараме надлежните служби ОЈО и МВР веднаш да интервенираат и да ги преземат сите мерки и да утврдат по чиј налог, кои лица, со која цел влегуваат и излегуваат од објекти со витално значење за градот Скопје и сторителите да одговараат – стои во објавата на ССМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот