ЕУ ги прошири санкциите за Белорусија

Европскиот совет ги прошири санкциите за Белорусија кои имаат за цел усогласување на санкциите на ЕУ против Русија. Европската унија има за цел да ја спречи Русија од можноста да ги заобиколи санкциите преку таканаречените трети земји, соопшти Европската комисија. Овие мерки ја прошируваат забраната за извоз во Белорусија на голем број високочувствителни стоки и …

ЕУ ги прошири санкциите за Белорусија Read More »

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Стојановски: Сиљановска вели дека се бори за правна држава, а најавува помилување на осудените за 27 април

„Се најавува помилување од кандидатката за претседател на осудените за 27 април, на која едно од главните ветувања е дека ќе се залага за правна држава. Дилемата е колку помилување на овие или кои било правосилно осудени лица е компатибилно или е во колизија со таа борба за правна држава“ рече новинарот и уредник на „Фокус“, Влатко Стојановски во утринската програма на …

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Стојановски: Сиљановска вели дека се бори за правна држава, а најавува помилување на осудените за 27 април Read More »

Бојмацалиев: Над 600 илјади патници го користеле скопскиот аеродром во првото тримесечје од 2024

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски, и помошник директорот на Одделот за граничи работи и миграции, Сашо Смилески, денеска го посетија  скопскиот аеродром каде остварија средба со раководството на полициска станица за граничен проверки. Како што информираат од МВР, делегацијата го посетила терминалот на аеродромот, како …

Бојмацалиев: Над 600 илјади патници го користеле скопскиот аеродром во првото тримесечје од 2024 Read More »

Гаши: Коалицијата „Вреди“ е гаранција дека во идната влада ќе се усвојат уставните измени

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши денеска на прес-конференција изјави дека албанската опозициска коалиција „Вреди“ е гаранција во идната Влада за усвојување на уставните измени. -Албанската коалиција „Вреди“ е гаранција во идната влада дека уставните измени ќе се усвојат и за ова ќе имаме посебна рамка за мерките и роковите за спроведување на оваа обврска. Секако, …

Гаши: Коалицијата „Вреди“ е гаранција дека во идната влада ќе се усвојат уставните измени Read More »

Радиолошките технолози учат факултет за ништо, бидејќи на платите не им се гледа

Вработени на Институтот за радиологија, кои по цели денови снимаат пациенти на магнетна резонанца, компјутерска томографија, мамографија, ангиографија, ЕХО, снимања на белите дробови со сложени дијагнози и за пациенти од сите клиники – не добиваат признавање на нивното образование и платата им е пониска отколку што би требало да им биде, дознава „Слободен печат“ од …

Радиолошките технолози учат факултет за ништо, бидејќи на платите не им се гледа Read More »

Арсоски: Без ЗНАМ не може да се формира стабилна влада

По првиот круг од претседателските избори, јасно е дека без ЗНАМ не може да се формира стабилна влада, смета генерал – мајор д-р Павле Арсоски, носител на Движењето во Третата изборна единица. Арсоски вели дека се за влез во ЕУ, но тоа треба да биде достоинствено, како Македонци со македонски континуитет, историја, со традиција и …

Арсоски: Без ЗНАМ не може да се формира стабилна влада Read More »

ФОТО: Во Зоолошката градина Скопје се роди двогрба камила

Во Зоолошката градина во Скопје се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан. – Нашето ново бебе. Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 3 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови, пишуваат од Зоолошката …

ФОТО: Во Зоолошката градина Скопје се роди двогрба камила Read More »

Во Драчево осветен 63 метарски крст, втор по големина во Македонија

На верскиот празник Цветници, во пресрет на Велигден, денеска беше осветен крстот во Драчево, висок 63,5 метри и е втор по големина во државата. Церемонијата на осветување на крстот ја предводеше поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. На настанот присуствуваат градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, како инвеститор на …

Во Драчево осветен 63 метарски крст, втор по големина во Македонија Read More »

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на најпознатиот македонски драматург Горан Стефановски, преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“ на културно-музичкиот настан „Прослава на животот на Горан Стефановски“ по повод неговиот роденден. Присутните ја проследија и промоцијата на книгата „Пофалба на обратноста и други есеи” од проф- др. Иван Додовски, а …

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски Read More »

Ќе прсне ли наскоро вода од фонтаната на градски плоштад?

Конечно се тргна искинатата церада од фонтаната „Воин на коњ“ и започнаа подготовките за нејзино пуштање во функција. Кога тоа ќе се случи, засега е неизвесно, затоа што на тоа прашање не одговараат ниту од Град Скопје, ниту од ЈП „Водовод и канализација“, претпријатието надлежно за одржување на фонтаните. Минатата година фонтаната накратко беше пуштена …

Ќе прсне ли наскоро вода од фонтаната на градски плоштад? Read More »

Скопјани најдобро е да одат пешки – автобусите се нередовни, а ретко кој таксист вози во сообраќајниот шпиц

Во услови кога јавниот автобуски превоз не функционира според потребите на граѓаните, односно на некои линии возилата се нередовни, па се чека и половина час, граѓаните што како алтернатива ги користат услугите на таксистите се жалат дека во Скопје тешко се наоѓа такси и вистинска среќа е диспечерот да ви соопшти дека има слободно возило. …

Скопјани најдобро е да одат пешки – автобусите се нередовни, а ретко кој таксист вози во сообраќајниот шпиц Read More »

Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите

За гласање преку пошта на претстојните европски избори на 9 јуни се пријавиле над 157.000 грчки граѓани, од кои мнозинството, односно 116.000 живеат во Грција, а останатите се од дијаспората, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ. …

Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите Read More »

Кинескиот претседател во посета на Франција, Унгарија и Србија, ќе разговара со Вучиќ

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе ги посети Франција, Србија и Унгарија од 5 до 10 мај, објави во понеделник портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи. Билатералните односи со Франција одржаа силен импулс на раст, а двете земји имаа стратешка комуникација и практична соработка, рече портпаролот Лин Џијан, говорејќи за посетата на Кси на Франција. …

Кинескиот претседател во посета на Франција, Унгарија и Србија, ќе разговара со Вучиќ Read More »

Додик ќе побара од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик синоќа изјави дека ќе побара од Србија да разбере дека Република Српска мора да оди по патот на одвојување од Босна и Херцеговина, поради Резолуцијата за Сребреница. Додик рече дека, без разлика што резолуцијата на Генералното собрание на ОН не е обврзувачка, таа ќе биде отфрлена бидејќи нејзината содржина …

Додик ќе побара од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ Read More »

Радев стави вето на измените на Законот за поттикнување инвестиции

Бугарскиот претседател Румен Радев го искористи правото на вето на одредени одредби од Законот за поттикнување инвестиции, кои го загрозуваат уставно загарантираното право на бугарските граѓани на здрава животна средина, соопшти прес-секретарот на шефот на државата. Радев без да ја оспорува потребата од забрзување на изградбата на објектите од стратешко значење, на нова расправа во …

Радев стави вето на измените на Законот за поттикнување инвестиции Read More »

Тахири: Курти ги расипа односите со Америка затоа што не се координира за мали прашања

Поранешната главна преговарачка на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири побара од премиерот Албин Курти да објасни како е можно Косово, кое беше нападнато од Србија, да биде казнето со санкции од Европската Унија и опоменато од Соединетите Американски Држави, додека Србија „која е агресорот, останува неказнета“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во …

Тахири: Курти ги расипа односите со Америка затоа што не се координира за мали прашања Read More »

Израелските сили убиле најмалку 20 Палестинци во Рафах

Најмалку 22 лица загинаа во израелските напади во текот на ноќта врз градот Рафах во јужниот дел на Газа, соопштија палестинските здравствени власти. Меѓу убиените има шест жени и пет деца. Од почетокот на војната, Израел редовно ја изложува Рафах на воздушни напади и се заканува дека ќе испрати копнени трупи, тврдејќи дека тоа е …

Израелските сили убиле најмалку 20 Палестинци во Рафах Read More »

Шпанскиот премиер не поднесе оставка и покрај корупцискиот скандал на сопругата

Педро Санчез ја објави својата одлука да не поднесе оставка од функцијата премиер на Шпанија, со намера да остане на својата функција. Како што изјави, за својата одлука веќе го известил кралот Фелипе. Одлуката доаѓа неколку дена откако шпанскиот социјалистички премиер ненадејно објави дека размислува да поднесе оставка, откако судот во Мадрид објави дека отворил …

Шпанскиот премиер не поднесе оставка и покрај корупцискиот скандал на сопругата Read More »

ФОТО: Масовна потрага по исчезнато аутистично момче во Германија, од Аријан една недела нема трага

Вчера, околу 1.200 луѓе учествуваа во досега најголемата потрага по момче кое исчезна во Бремерворде, Германија. И по една недела шестгодишниот Аријан не е пронајден. Момчето со аутизам минатиот понеделник го напуштило домот на своите родители – и оттогаш му се губи секаква трага. Синоќа околу 1.200 луѓе го барале на копно, во река и …

ФОТО: Масовна потрага по исчезнато аутистично момче во Германија, од Аријан една недела нема трага Read More »

Членови на германската десничарска група „Граѓаните на Рајхот“ обвинети за тероризам

Денес во Штутгарт започнува судењето на деветмина осомничени членови на екстремно десничарската група, предводена од германскиот аристократ Хајнрих XIII Принц Ројс, под обвинение за тероризам и велепредавство. Девет осомничени членови на движењето Граѓаните на Рајхот, група која го отфрла легитимитетот на современата германска држава, се обвинети за членство во терористичка организација и „подготовка на предавнички …

Членови на германската десничарска група „Граѓаните на Рајхот“ обвинети за тероризам Read More »

Паника во Русија, Украина со американски ракети го гаѓала Крим

Украинските сили наводно ги нападнале руските системи за воздушна одбрана на окупираниот полуостров Крим. Извештаите од платформата X, поранешен Твитер, покажуваат дека Украина со тактички балистички ракети ја нападнала руската противвоздушна одбрана на Кејп Тарханкут, во западниот дел на Крим. Профилот на War Translate објави скриншот од пораки од руски канали во кои паничи нападот …

Паника во Русија, Украина со американски ракети го гаѓала Крим Read More »

Алкалоид со консолидирани продажби од 79,9 милиони евра, извоз од 58,1 милион евра и со инвестиции од 4,8 милиони евра во периодот јануари – март 2024

Приходи од продажби   Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2024 година продажбите достигнуваат 3.419.742.486 денари, што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 4.925.260.049 денари, што е за 13 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. …

Алкалоид со консолидирани продажби од 79,9 милиони евра, извоз од 58,1 милион евра и со инвестиции од 4,8 милиони евра во периодот јануари – март 2024 Read More »

Автомобилите се трупаат во европските пристаништа

Гледани низ очите на шпедитерите, автомобилите се посебна стока. Од една страна, тие не се толку гломазни како атомски реактор или нафтена платформа, но сепак се премногу големи за да бидат наредени некаде. А тие дефинитивно не можат да се „лопатарат“ како јаглен или пченка, каде што никој нема да забележи ни најмала гребнатинка или …

Автомобилите се трупаат во европските пристаништа Read More »

Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Појасот Газа

Саудиска Арабија повика на регионална „стабилност“, предупредувајќи на геополитичките ризици и ефектите од тековната војна на Израел врз Газа врз глобалните економски чувства на почетокот на самитот на кој присуствуваа голем број посредници од Газа. Американскиот државен секретар Антони Блинкен, палестинските лидери и високи функционери од други земји, кои се обидуваат да посредуваат за примирје …

Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Појасот Газа Read More »

Меѓународна организација на трудот: Жештините годишно убиваат 19.000 работници во светот

Климатските промени создаваат низа опасности кои можат да влијаат на 70 отсто од светската работна сила, заклучува Меѓународната организација на трудот (МОТ) во својот најнов извештај. Според проценките на организацијата, годишно 19.000 луѓе ширум светот умираат поради изложеност на прекумерна топлина на работното место. Поради екстремната топлина и ултравиолетовите зраци, кои можат да предизвикаат здравствени …

Меѓународна организација на трудот: Жештините годишно убиваат 19.000 работници во светот Read More »

Народна банка работи на нова регулатива за јакнење на киберотпорноста

Главниот супервизор за информациските системи на Народната банка, Горан Јанкоски вели дека во тек се активности за усогласување на домашната регулатива со европскиот Закон за дигиталната оперативна отпорност, со што ќе се воспостават унифицирани стандарди за заштита, пријавување и справување со сигурносните инциденти, обезбедување непрекинатост во работењето, поголема контрола на надворешните лица кои обезбедуваат важни …

Народна банка работи на нова регулатива за јакнење на киберотпорноста Read More »

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“

На 27 април е третата и последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“. Во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ со почеток во 21 часот со концертен настап ќе се претстават „Macedonian Free Society“. Потребата за нов-креативен, (о)слободен, инспиративен, а во исто време предизвикувачи израз, како соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја …

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ Read More »

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“ во пресрет на 27 април – роденденот на великанот на македонската драма. -Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје, каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат …

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“ Read More »

Премиера на „Мац, мац“ во Велешкиот театар, работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“

Премиерата на претставата „Мац, мац“ која е работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“ од Тенеси Вилијамс, а во режија и кореографија на Филип Петковски и ко-продукција на Пресврт, Театар „Ј.Х.К. Џинот“- Велес, како и германскиот Гете институт, ќе се случи на 26 април во Велешкиот театар. Целта на овој проект е да …

Премиера на „Мац, мац“ во Велешкиот театар, работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“ Read More »

Прва самостојна изложба на Јана Николовска „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“

Во Културно информативниот центар – Скопје вечерва со почеток во 20 ч. ќе се отвори првата самостојна изложба на Јана Николовска – „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“. Изложбата има за цел да направи едно патување низ различни димензии на човечката психа и внатрешност, презентирајќи 5 видео инсталации со звук во простор. Влегувајќи од сала во сала, посетителите ќе преминуваат …

Прва самостојна изложба на Јана Николовска „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“ Read More »

ФОТО: Мандолинскиот оркестар – Скопје двапати вратен на бис на мандонски фестивал во Анкара

На 6 и 7 април во Анкара се одржа мандонски фестивал на кој учествуваше и „Мандолинскиот оркестар“ – Скопје, под диригентската палка на Рамадан и Ерхан Шукри. -Нашиот подмладен оркестар на возраст од 12-17 годишна возраст беа ѕвезди на фестивалот во Анкара на кој учествуваа 30 оркестри. Беа поздравени со огромен аплауз и со овации …

ФОТО: Мандолинскиот оркестар – Скопје двапати вратен на бис на мандонски фестивал во Анкара Read More »