Европски страв од „нова зависност“ поради евтиното руско жито Русија

unsplash
Жито/ Фото: МИА

Европската унија ги предупреди земјите во развој дека Русија нуди евтино жито за „да создаде нови зависности, влошувајќи ја економската ранливост и глобалната несигурност во храната“. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, испрати писмо до земјите во развој и Групата 20, барајќи од нив „да зборуваат со јасен и обединет глас“ за да ја охрабрат Москва да се врати на договорот за жито што овозможи безбеден извоз. на украинско жито преку Црното Море.

„Цинична политика на користење на храната како оружје“ „Додека светот се соочува со прекини во снабдувањето и повисоки цени, Русија сега им приоѓа на ранливите земји со билатерални понуди за снабдување жито по намалени цени, преправајќи се дека решава проблем што го прави“, напишал Борел во писмото што го видел Ројтерс, пренесува АлЏезира Балканс. Според него, тоа е „цинична политика на намерно користење на храната како оружје“.

Русија го напушти договорот за жито минатиот месец, велејќи дека нема да го обнови договорот додека не се исполнат делови од договорот кои се однесуваат на обврските кон Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот