ЕУ ги прошири санкциите за Белорусија

Европска унија /Фото: Миа

Европскиот совет ги прошири санкциите за Белорусија кои имаат за цел усогласување на санкциите на ЕУ против Русија. Европската унија има за цел да ја спречи Русија од можноста да ги заобиколи санкциите преку таканаречените трети земји, соопшти Европската комисија.

Овие мерки ја прошируваат забраната за извоз во Белорусија на голем број високочувствителни стоки и технологии кои придонесуваат за воениот и технолошкиот напредок на Белорусија. Советот на ЕУ воведува и дополнителна забрана за извоз на огнено оружје и муниција, како и на стоки и технологија погодни за употреба во воздухопловната и вселенската индустрија.

Европската комисија ја поздрави одлуката на Советот на ЕУ и нагласи дека овие рестриктивни мерки се забрзани со оглед на итноста поврзана со борбата против заобиколувањето на одредени високо чувствителни стоки и технологии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот