ВИДЕО | Ристовски по победата во хрватското дерби се качи на трибинaта со најверните навивачи на Динамо
Дербито во Хрватска вчера помеѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит заврши со победа на гигантот од Загреб со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Бруно Петковиќ. Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски беше еден од оние кои најмногу го славеа важниот триумф во битката за титулата. Ристовски се качи на трибината и славеше со најверните фанови …