Пресврт: Чави ќе биде тренер на Барса и следната сезона

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез/фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Чави Ернандез и понатаму останува тренер на Барселона. Иако на почетокот на оваа сезона најави дека ќе го напушти клубот на лето, шпанскиот стручњак се сретна со претседателот на каталонскиот фудбалски клуб Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко и ја промени својата одлука. Веста ја објавија сите поголеми шпански и светски медиуми.

За потсетување, Барса во четврт-финалето беше елиминирана од Лигата на шампионите од ПСЖ, додека во Ла Лига на шест кола пред крајот на сезоната заостанува 11 бода зад лидерот Реал Мадрид.

Барселона се прости од борбата за трофејот во Кралскиот куп со пораз од Атлетик Билбао во четвртфиналната фаза (4:2).

Така, оваа сезона заврши, но тоа само значи дека Чави веднаш почнува да се подготвува за следната.

Чави ја презеде Барселона во ноември 2021 година, а неговиот договор е до крајот на јуни 2025 година.

Барселона не се откажува: Правда за спорниот момент од „Ел Класико“ ќе бара и на суд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот