ВИДЕО | Фантастичниот Богдановиќ недоволен за победа на Атланта против Милвоки

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарите на Атланта беа поразени од Милвоки со 113:122, а на домаќините не им помогна и фантастичната вечер на Богдан Богдановиќ.

Богдановиќ го заврши натпреварот со дабл-дабл учинок од 38 поени и 10 скокови. Посебно Богдановиќ блесна во последната четвртина кога постигна 17 поени, сепак немаше доволно поддршка од соиграчите. На спротивната страна Јанис Адетокумпо исто така стигна до дабл-дабл со 36 поени, 16 скокови и осум асистенции.

За издвојување од натпреварот е и моментот во втората четвртина кога Богдановиќ погоди од својата половина меѓутоа задоцни некоја секунда, па затоа поените не му беа признати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBA (@nba)

Во преостанатиот натпревар Орландо на свој терен беше убедлив против Мемфис со 118:88.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот