ВИДЕО | Ристовски по победата во хрватското дерби се качи на трибинaта со најверните навивачи на Динамо

Фото: Screenshot

Дербито во Хрватска вчера помеѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит заврши со победа на гигантот од Загреб со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Бруно Петковиќ.

Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски беше еден од оние кои најмногу го славеа важниот триумф во битката за титулата. Ристовски се качи на трибината и славеше со најверните фанови на Динамо „Бед Блу Бојс“.

На табелата Динамо во овој момент има 57 бода, пет помалку од Ријека која е на првата позиција, но тимот на Ристовски има и натпревар помалку. Хајдук е трет со 55 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот