Ваљадолид го претстави засилувањето од Вардар

Фото: Screenshot

Ракометарот на Вардар, Мартин Карапелвски од наредната сезона ќе настапува за тимот Ваљадолид од Шпанија, ова беше потврдено од пред неколку дена, а денеска стигна потврда и од шпанскиот клуб.

Ваљадолид во шпанскиот тим ќе се придружи на двајцата македонски ракометари кои веќе се овој клуб, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски. Исто така Карапалевски повторно ќе игра под водство на Давид Писонеро со кого соработуваше во Вардар.

„Мартин е македонски централен бек од генерацијата 2000, кој го знам од Светското првенство У19 од Скопје и јас сум тој кој го внесе во првиот тим на Вардар. Тој е млад играч со потенцијал и веќе со искуство во Лигата на шампионите, Европската лига и македонската лига. Тој не е многу висок, но е интелегентен, тој е добар во играта еден на еден и има добра конекција со пивотот. Исто така тактички е добар. Се надеваме дека ќе се развива во Ваљадолид на одличен начин и ќе ја оправда довербата која ја имаме во него, а таа е голема“, изјави тренерот Писонер.

Во овој момент Ваљадолид е на седмото место во АСОБАЛ лигата со освоени 23 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот