Најавува ли Луис Енрике пресврт во случајот со Мбапе?!

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид засега изгледа како завршена работа, меѓутоа стратегот на ПСЖ, Луис Енрике и понатаму верува дека францускиот голгетер може да остане во Париз.

На прес-конференцијата пред денешниот натпревар во кој ПСЖ игра против Марсеј, Луис Енрике изрази надеж дека Мбапе може да ја смени одлуката.

„Верувам и се надевам дека Килијан ќе се премисли. Се уште ништо не потврдил, може да се премисл нели? Замислете да освоиме четири титули и Мбапе одлучи да остане, зошто да не?“, изјави Енрике.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, а самиот напаѓач најави дека одлуката сигурно ќе ја објави пред почетокот на Европското првенство, па така во наредните три два месеци би требало да знаеме каде ќе го гледаме наредната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот