Бутел дебитира во ЕХФ Купот против Запорожје – Слободен печат
РакометСпорт

Бутел дебитира во ЕХФ Купот против Запорожје

Македонските ракометни суперлигаши Бутел и Пелистер ги дознаа потенцијалните ривали за второто коло во Купот на ЕХФ.

Дебитантот Бутел повеќе од сигурно ќе игра против украинскиот Запорожје кој е апсолутен фаворит во двомечот со Лондон.
Пелистер во второто коло ќе се сретне со подобриот од дуелот на швајцарски Винтертур и Беса од Косово. Првите натпревари ќе се играат на 6 или 7 октомври, а реваншите се една недела подоцна.

Екипата на Металург ќе игра директно во третото коло на ЕХФ Купот, а својот противник ќе го добие откако ќе се одиграа дуелите од второро коло. Ждрепката за третото коло е закажана за 15 октомври.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close