Бунт во Мајнц, фудбалерите си ги бараат парите од кои се откажаа поради короната

epa08484928 1.FSV Mainz 05 players gather before the German Bundesliga soccer match between 1. FSV Mainz 05 and FC Augsburg in Mainz, Germany, 14 June 2020. EPA-EFE/KAI PFAFFENBACH / POOL CONDITIONS - ATTENTION: The DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Состојбата во германскиот бундеслигаш Мајнц е пред точка на вриење поради огромните несогласувања на релација управа-фудбалери.

Фудбалерите буквално започнаа бунт против управата на Мајнц по отстранувањето од првиот тим на напаѓачот Адам Салаи.

Официјалниот став на управата за овој потег и неговата слаба форма, но германските медиуми дојдоа до информации дека станува збор за бунтовничкиот потег на фудбалерот поради кој сега го плаќа цехот.

Имено, Салаи наводно бил предводник на идејата фудбалерите да бараат да им се вратат парите од кои се откажаа поради пандемијата на коронаворусот и во време кога клубот ги намалуваше трошоците.

Унгарскиот репрезентативец бил заговорник на оваа идеја, но ја имал поддршката од сите фудбалери и кои сега застанаа зад него кога се најде на удар на управата. Сите играчи на првиот тим на Мајнц одбија да тренираат и се солидализираат со Салаи. Тие вчера се појавија во тренинг центарот на Мајнц, но не излогоа на теренот.

Му рековме на Адам дека повеќе не е дел од нашите планови. Од наша гледна точка Адам нема да има голема минутажа и поради тоа е подобро да си замине во друг клуб, посебно бидејќи го очекува настап на Европското првенство идната година. Потребни му се натпревари, а во Мајнц не би добил голема минутажа – изјави Роувен Шрудер, спортскиот директор на Мајнц за „Велт“.

Салаи не беше во тимот на натпреварот од првото коло на Бундеслигата која стартуваше минатиот викенд, а Мајнц играше против Лајпциг.

Германските медиуми известуваат дека вистинската причина за ваквиот потег на управата е бидејќи Салаи беше предводникот на бунтот со кој играчите бараат да им се вратат парите од кои се откажаа за време на пандемијата на коронавирусот. Тие сметаат дека се изиграни од управата бидејќи договорот бил да им се вратат парите кога ќе се стабилизира состојбата.
Токму затоа кога играчите дознале дека на Салаи не му било дозволено да тренира заедно со екипата, тие се побуниле и одбиле да излезат на теренот.
Во меѓувреме фудбалерите имале разговор со претставници на управата на Мајнц на која јасно и порачале дека нема да ги извршуваат своите обврски се додека Салаи не биде вратен во првиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот