Бундес лигата најгледана во светот

Германската Бундес лига е најгледана фудбалска лига која ја следат просечно 43.302 гледачи по натпревар, покажуваат истражувањата на Европската фудбалска опсерваторија (ЦИЕС). Статистиката е правена за период од 15 години, помеѓу 2003 и 2018 година, а со истражувањето беа опфатени 51 фудбалска лига во 42 земји низ светот.

Бундес лигата долги години е најгледана лига, со дури 7.000 гледачи повеќе од второпласираната Премиер лига која просечно ја следат 36.675 гледачи по натпревар.
На третото место се наоѓа шпанската Ла Лига (27.381), а изненадувачки, четвртти е мексиканскиот шампионат кој го следат просечно по 25.582 гледачи. На петтото место е Серија А (22.967), а на шестата позиција се наоѓа кинеската Супер лига (22.594).

Процентуално најголем раст на гледаноста има во Полска од дури 47% благодарение на новите стадиони кои беа изградени за потребите на Евро 2012 година. Голем раст од 34% зголемена посета има и американската МЛС лига, благодарение на доаѓањето на ѕвездите од типот на Дејвид Бекам, Кака, Златан Ирахимовиќ, Кака, Андреа Пирло.
Бундес лигата се наоѓа на третото место со раст од 11%, додека веднаш зад нив е Премиер лигата која има раст од 6%.

Од Бундес лигата доаѓа и клубот со најголема посета, Борусија Дортмунд која просечно ја следат неверојатни 80.230 гледачи. На второто место се наоѓа Манчестер јунајтед со 75.218, а трета е Барселона со 74.876 гледачи по натпревар. На листата на најпосетени екипи се наоѓа и Атланта јунајтед иако клубот постои само пет години. Натпреварите на Атланта во МЛС лигата на домашен терен ги гледаат просечно по 51.547 гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот