Бугарија и враќа на Италија 28 контејнери со отпад

Дел од товарот, кој пристигнал на пристаништето од 9 октомври до 25 ноември 2019 година, доби одобрение за реекспорт по консултациите во Обвинителството.

Дваесет и осум контејнери со италијански отпад од вкупно 127 кои пристигнаа досега на пристаништето во Варна добија дозвола за реекспорт, изјави денеска бугарскиот јавен обвинител, Иван Гешев.

Дел од товарот, кој пристигнал на пристаништето од 9 октомври до 25 ноември 2019 година, доби одобрение за реекспорт по консултациите во Обвинителството. Како што е познато, во регионалното обвинителство во Варна се води предистражна постапка согласно Кривичниот закон.

Мешаниот отпад, кој содржи пластика, гума, текстил, стакло и дрвени отпадоци, ќе му биде вратен на испраќачот, италијанската фирма „Дентиче пантелоне” од градот Салерно.

Увозник на отпадот од Италија е бугарската компанија „Блацион”, регистрирана во Софија, во која учество имаат двајца македонски државјани Блаже Игнатов и Горан Ангелов, кој до неодамна беше директор на скопската депонија Дрисла. Откако избувна скандалот, тој беше отпуштен од работа, објави БГНЕС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот