Буфон оди по стапките на Касиљас

EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон нема намера да се пензионира по завршувањето на сезоната иако ќе го напушти феанцускиот ПСЖ. Буфон иако има 41 година, сака да брани најмалку уште една сезона и токму затоа ја одби понудата на Јувентус, да биде дел од раководните структури на клубот. Исто така го стави на чекање и враќањето во матичниот клуб Парма, каде би бранел во последната сезона од кариерата.
Италијанските медиуми, шпекулираат дека Буфон ќе замени уште една голманска легенда, Икер Касиљас во Порто.

Касиљас пред 10-тина денови доби срцев удар за време на тренингот на Порто, му беше извршен оперативен зафат и врвните кардиолози тврдат дека кариерата за шпанскиот голман е завршена.
Според медиумите, челниците на Порто веќе го контактирале Буфон и веќе му понудиле едногодишен договор со можност за продолжување на договорот за дополнителна уште една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот