Брутална казна во Варшава: Полската антимонополска агенција го казни „Гаспром“ во 7,6 милијарди долари

Фото: EPA/SERGEI ILNITSKY

Полската антимонополска агенција изрече парични казни за „Гаспрпом“ и уште пет европски компании со кои соработува на изградбата на гасоводот „Северен тек 2“, соопшти нејзиниот шеф, Томаш Хрустни.

Според него, компаниите „Енџи Енерџи“, „Унипер“, „ОМВ“, „Шел“ и „Винтершел“ се казнети со 385 милиони злоти или 100 милиони долари додека „Гаспром“ со 29 милијарди злоти, односно, 7,6 милијарди долари.

– Во наредните 30 дена од објавување на оваа одлука, компаниите треба да го раскинат договорот за изградба на гасовод, информира Хрустни и додаде дека казнетите правни лица имаат право на жалба.

Австриски „ОМВ“ соопшти дека ќе ја проучи казната на полскиот регулатор, но сигурни се дека ги почитувале законите при работата на „Северен тек 2“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот