Брнабиќ: Фотографиите од убиствата не беа многу страшни, има и пострашни

Ана Брнабиќ, премиерката на Србија, истакна дека на вчерашната прес-конференција биле  прикажани помалку застрашувачки фотографии, кои се доказ за убиствата на групата на Вељко Беливук. „помалку застрашувачки фотографии“.

„Ова се некои од помалку застрашувачките фотографии и тие не се ништо во споредба со она што е пронајдено“, рече Брнабиќ.

Таа посочи дека е важно граѓаните да разберат против кого се кренала државата и дека е важно да се покаже колку сурови биле овие луѓе.

„Постои група на луѓе кои се вмрежени и политички и во медиумите, како и делумно со странски служби, а делумно и со судството“, рече Брнабиќ.

Како што додаде, целта на оние кои реагирале негативно на вчерашната конференција е да го отстранат Александар Вучиќ од власта, „но не на избори, затоа што не можат да го победат на избори“, рече Ана Брнабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот