„Бритиш Ервејз” можно е привремено да отпушти 36.000 вработени

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Во целина оваа мерка ќе зафати 80 отсто од екипажите, персоналот на земја, инженерите и службениците во централата на овој воздушен превозник.

„Бритиш Ервејз” размислува привремено да отпушти 36.000 вработени, јави Би-Би-Си.

Според медиумот, компанијата добила принципелна согласност од синдикатите за изведување на оваа непопуларна мерка, а двете странки работат врз деталите на договорот.

Би-Би-Си забележува дека не станува збор за отпуштање на вработените, туку тие само привремено ќе прекинат со својата работа. Во целина оваа мерка ќе зафати 80 отсто од екипажите, персоналот на земја, инженерите и службениците во централата на овој воздушен превозник.

„Бритиш Ервејџ” на 31 март соопшти дека привремено ги запира сите свои летови од лондонскиот аеродром  Гетвик поради пандемијата од коронавирусот.

На 23 март во Велика Британија беше воведен карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот